Димитров на средба со државниот секретар на финското МНР Мати Антонен

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Финска, Мати Антонен, кој денес е во работна посета на Република Македонија.
На средбата, министерот Димитров истакна дека континуираната поддршка од Финска за евроинтеграциите на Република Македонија, е од посебно значење за земјата и претставува поттик за Владата да продолжи и понатаму посветено да работи на исполнување на сите неопходни критериуми за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, посочи македонскоот МНР во соопштение.
Министерот Димитров и државниот секретар Антонен искажаа уверување дека Првата меѓувладина конференција меѓу Република Македонија и ЕУ, ќе биде одржана токму за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, следната година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
