Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска информираше дека по 15 август годинава ќе се знаат деталите од преговорите со коалицискиот партнер, ВМРО ДПМНЕ. Како што информираше на денешната прес-конференција во спортската сала во Куманово се преговара за поголем број општини, повторувајќи дека онаму каде што немаат свој кандидат ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
- За мене Куманово и Центар веќе, според мене се решени. Што се однесува до останатите општини дополнително ќе бидете информирани. Разговараме за поголем пакет на поголем број на општини каде што нашиот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициски партнери би дале поддршка на нашите кандидати во тие општини. Исто така, членството на ЗНАМ и нашите поддржувачи би дале поддршка на нивните кандидати во останатите општини каде што ќе немаме свои кандидат за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на град Скопје, изјави Димитриевски.
Во однос на советничките листи, Димитриевски рече дека настапуваат поединечно, нагласувајќи дека ЗНАМ ќе има советнички листи онаму каде движењето има општинска организација и во некои општини каде има поддржувачи.
- Во однос на советничките листи ние настапуваме поединечно или во овој случај ЗНАМ ќе има советнички листи во сите општини каде што има општинска организација, дополнително можеби во некои каде што немаме општинска организација и имаме заинтересирани поддржувачи коишто би биле кандидати или спровеле постапка на кампањата, рече Димитриевски.
Тој повтори дека деталите ќе бидат соопштени на средината на август, додавајќи дека секоја општина има своја специфичност, во однос на број на жители, во однос на зафатнина на површина.
-Не сакам да прејудицирам со бројки, бидејќи секоја општина по себе има своја специфика ако ги делите според тежина општините, претпоставувам ги селектирате според број на жители, според степен на развиеност на општина итн. Не е исто да се кандидат во една рурална општина којашто е најголема по територија во државата, а има мал број на население или да се кандидат во една урбана општина каде што има нешто поголемо население, многу помала територија. Секогаш тие поголеми со територија имаат и многу поголеми комунални проблеми и не би сакал да шпекулирам, сега во моментот, рече Димитриевски.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
