ДИК ќе расправа за роковникот за Локалните избори 2017
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која треба да го разгледа и усвои Предлог – роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2017 година за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје (6 август - 15 октомври 2017 година).
На дневен ред на седницата се и барањата до Министерство за внатрешни работи, согласно членовите 41, 43, 45 и 49 од Изборниот законик и до Министерство за информатичко општество и администрација, согласно член 32 од Изборниот законик.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера, согласно со роковите утврдени со Изборниот законик, го потпиша Решението за распишување на Локалните избори, кои според законските одредби, ќе се одржат на 15 октомври годинава.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава