ДИК ќе расправа за барањето на ДЗЛП
Членовите на Државната изборна комисија на работен состанок ќе го разгледуваат писмото што до нив го испрати Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) во врска објавувањето на личните пдоатоци од Избирачкиот список на нејзината веб страница, по што се очекува Комисијата да излезе со свој став.
ДЗЛП до ДИК, како што информираат оттаму, вчера доставила писмо во кое ги известува дека добила две привремени решенија за забрана да обезбедува електронски пристап до личните податоци во Избирачкиот список објавен на веб страницата.
Од ДИК денеска информираат дека теренската проверка, на лицата од Списокот со неконзистентни записи, која почна неделава се одвива добро и без проблеми. Околу 500 анкетари се распоредени во сите 80 општини во земјава.
Од вчера 84 претставници на граѓанската асоцијација МОСТ и 16 од ОБСЕ ја набљудуваат работата на контролорите на теренските проверки во подрачни единици на ДИК.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција