-->
-->
ДИК: Излезноста до 13 часот е 20 проценти
-->
На сите гласачки места од 7 часот гласањето тече непрекинато и без проблеми. Само во едно гласачко место во Студеничани не се гласа, информираат од ДИК.
До 13 часот, од процесуирани 75,57% од гласачките места, информациите се следниве:
На гласање излегле 284.942 гласачи, што е 20,45% од вкупниот број на запишани избирачи.
Најголема е излезноста во Прилеп 35,2%, Новаци 33,12%, Свети Николе 31,10%, Неготино 29,02%, Прибиштип 30,62%.
Граѓаните најмалку гласале во Липково 5,43%, Желино 6,62%, Врапчиште 7,5%.
На 3.480 избирачки места во републикавана на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден