ДИК ги започна активностите за продолжување на дејствијата за парламентарните избори
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на работен состанок ја разгледува владината Уредба за продолжување на изборните дејствија за параламентарните избори и врз основа на неа ќе ги започне активностите за гласање. Со уредбата, која денеска е објавена во Службен весник и стапи во сила, ДИК е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски за МИА информираше дека врз основа на оваа Уредба, ДИК ќе испрат дописи до МВР и до управите за санкции и за водење на матични книги за прибирање на потребните податоци за граѓаните.
Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, ДИК е должна да ги преземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.
Владата на 64-та седница донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, со која го задолжи МВР во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, да ги достави до ДИК податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик, односно листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и кои ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба. МВР треба да достави листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите, односно дваесет и вториот ден од престанокот на траењето на вонредна состојба. Уредбата определува дека ДИК податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.
Согласно уредбата, основните судови и Управата за водење на матичните книги, во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, се должни да ги достават до ДИК податоците за граѓаните, заклучно со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, појаснуваат од Влада.
Партиите не се усогласени за датумот за избори. Владејачките партии инсистираат тоа да биде на 5 јули или на 8 јули, додека ВМРО-ДПМНЕ се уште не соопштува датуми. Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање ги повика лидерите уште денеска да седнат и да се договорат за изборите за земјата да не потпадне повторно во криза.
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
