ДИК ги усвои предлог-програмите за едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите
Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука за објава на опис на избирачки места на веб-страната на ДИК, и ги усвои програмите за задолжителна едукација на изборните органи, граѓаните и други чинители во изборите.
На 89. Седница ДИК донесе одлука да се објават описите на избирачките места на веб-страницата на ДИК и да ги информираат граѓаните за начинот на објавување.
Во однос на Предлог - програмата за задолжителна едукација на изборните органи, тие посочија дека таа е со цел поголема професионалност и одговорност на изборните органи во спроведувањето на изборите.
- Сите сертифицирани обучувачи, околу 130 врз основа на план и програма прават задолжителна обука за сите изборни органи, им се даваат пишани прирачници и практични интерактивни обуки, посочи членот Борис Кондарко.
На овој начин, според него, придонесуваат кон унификација и воедначена примена на Изборниот законик.
Предлог - програмата за едукација на граѓани, како што дополни, е со цел да ги информираат граѓаните и гласачите за начинот на остварувањето на нивните права и во овој дел ќе биде опфатена и во јавна медиумска кампања
Во однос на Предлог - програма за едукација на други чинители во изборите, како што се политички партии, кандидати, медиуми и невладини организации, програмата има за цел правилно или прецизно информирање за изборните процеси и елиминација на можноста од дезинформирање и пласирање лажни информации.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип