ДИЦ: Успешно тече полагањето на изборниот испит од државната матура

Државниот испитен центар соопшти дека денеска успешно се спроведува полагањето на вториот екстерен предмет од државната матура, кој е изборен за кандидатите.
– По успешно реализираниот прв дел на 5 јуни, денеска се полага и вториот дел од државната матура. Полагањето почна во 10 часот во сите училишта и без посебни технички предизвици. Испитот трае три часа. Државниот испитен центар, заедно со Министерството за образование и наука, другите надлежни институции и со училиштата успеаја да се подготват и да го спроведат процесот на државна матура и со тоа да им се овозможи на матурантите од четиригодишното образование да заокружат еден дел од процесот на школување, соопшти ДИЦ.
Учениците од гимназиското и од стручното образование денеска полагаат математика или странски јазик, а учениците во уметничките училишта избираат помеѓу странски јазик и филозофија (во училишта за ликовно образование), односно естетика (во училишта за музичко образование).
Најголем број пријавени има за англиски јазик – 13 452 матуранти, за математика 1529, германски јазик 140, естетика 66, француски јазик 32, руски јазик 18 и филозофија 14.
Вкупно пријавени за државна матура во оваа учебна година се 15 294 ученици. Учениците кои поради изолација не полагаат во предвидените термини, имаат дополнителни за екстерните испити на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.
Резултатите од државната матура ДИЦ ќе ги објави во рок од 30 дена од последниот (вториот) екстерен испит. Тие што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит. Стекнатата диплома за положена матура е услов за упис во високо образование во земјава и во странство.
Во целиот процес се ангажирани околу 300 набљудувачи и 2000 наставници тестатори, кои предходно имаа можност да се се вакцинираат
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
