ДИЦ: Матурантката од Охрид не полагаше државна матура бидејќи не беше пријавена од Училишната матурска комисија
Матурантката Тијана Силјаноска од СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид на 27.05.2023 не полагаше државна матура бидејќи од страна на Училишната матурска комисија на училиштето не е пријавена за полагање во Државен испитен центар, појаснуваат од ДИЦ околу проблемот со неможноста матурантката да полага државна матура.
- За појаснување, согласно законските и подзаконските акти за реализација на државната матура, учениците пополнуваат пријава во училиштата каде што се запишани најдоцна до 31 декември во тековната година. Потоа следува процес на внес на податоците во база од страна на училишните матурски комисии, обработка на податоци и доставување на списоци со кандидати од страна на ДИЦ до училиштата најдоцна до 15 февруари. Училишните матурски комисии списоците со кандидати ги проверуваат и доколку имаат направено грешки ги корегираат и истите со потпис и печат од училиштето ги враќаат во ДИЦ. Во случајов од страна на комисија на СОУ „Свети Климент Охридски“ од Охрид така е и постапено, односно списоците се вратени со потпис и печат, но немаат направено корекции дека ја имаат испуштено матурантката Тијана Силјаноска, се вели во соопштението од ДИЦ.
Државниот испитен центар, се вели во соопштението, и понатаму останува отворен за соработка со сите матуранти и сите училишта и апелира до сите чинители во процесот на пријавување на државната матура многу внимателно да пристапуваат согласно нивните задолженија и надлежности.
Ново на Сител
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста
-
Петмина повредени од кои три деца во сообраќајка меѓу автобус и две возила на патот Кичево - Гостивар
-
Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“
-
Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина
-
Три активни пожари - во Јасен, Студеничани и Липково