Ди Марија ја напушта Бенфика
Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија објави дека по завршување на оваа сезона ги напушта редовите на Бенфика, откако клубот не успеа да ја освои титулата во португалското првенство по ремито 1-1 против Брага во саботата, завршувајќи два бода зад шампионот Спортинг Лисабон.
Триесетиседумгодишниот Ди Марија, кој лани се пензионираше од репрезентативниот фудбал по 145 настапи за Аргентина, втор пат се врати во Бенфика во 2023 година, настапувајќи во меѓувреме и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус.
„Многу боли да се заврши сезоната на ваков начин. Ова беше мојот последен првенствен натпревар во овој дрес и горд сум што имав можност повторно да го носам“, напиша Ди Марија на својот Инстаграм профил.
„Сè уште имаме финале идната недела и ќе одиме таму со сета желба да го добиеме. Заедно, како и секогаш. Ви благодарам за вашата поддршка, навивачи на Бенфика“, додаде Ди Марија.
Бенфика ќе игра против Спортинг во финалето на Купот на Португалија на 25 мај, пред да ја почне својата кампања на Светското клупско првенство во САД на 16 јуни.
Ди Марија, чиј договор е со важност до 30 јуни, не обелодени дали ќе игра на Светското клупско првенство.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот