-->
-->
Девојче и момче спасени од под урнатините на зградата во Истанбул
-->
Спасувачите денеска извлекоа петгодишно девојче и деветгодишно момче од под урнатините на осумкатницата која вчера се урна во Истанбул.
Девојчето Хава Текгоз е спасено откако 18 часа помина под урнатините.
Во текот на изминатата ноќ спасено е и едно деветогодично момче.
Во несреќата загинаа најмалку три лица, а 13 луѓе се спасени.
За сега не е познато уште колку луѓе се заглавени под урнатините на зградата која се наоѓа во населбата Картал.
Според последните информации, во зградата имало 14 станови во кои живееле 43 лица.
Причината за уривањето е предмет на истрага, а властите наведуваат дека последните три ката биле нелегално изградени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата