Детската клиника доби најсовремен апарат за неинвазивна механичка вентилација

Апарат Medin-cno за неинвазивна позитивно притисочна вентилација особено кај предвремено родените деца со што се спречува и лекува веќе настанат колапс на белите дробови, доби Универзитетската Клиника за детски болести.
Станува збор за донација од Македонско-австриската бизнис асоцијација. Вредноста на апаратот е околу еден милион денари.
Златко Муцунски од Порше Македонија, кој е во бордот на Македонско-австриската бизнис асоцијација, изјави дека како компании сакаат да придонесат и за доброто на општеството и во рамките на таа општествена одговорност и децата како нејзин најважен дел, се одлучиле на Клиниката да и го подарат апаратот, кој ќе биде потребен во третманот на дечињата со опструкција на бели дробови.
Посочи дека Асоцијацијата е бизнис заедница која ги опфаќа сите австриски компании работат во Македонија.
Тој упати апел до бизнис заедниците и стопанските комори донацијата да биде поттик за нив еден дел од своите средства да го насочат кон спасување на животите на најмладите.
Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова се заблагодари за донацијата и изјави дека апаратот ќе значи достигнување на сите светски стандарди за третман на предвремено родените деца кои имаат проблеми со белите дробови.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
