Детектор: Граѓаните со став – трансродовите биолошки мажи не смее да се натпреваруваат во спортски категории за жени
Мнозинството граѓани се на ставот дека воведувањето на можноста родот да може да се менува според личното чувство на поединецот ги уназадува правата на биолошките жени, покажува последното истражување на Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, така размислуваат 42% од анкетираните додека 21,6% сметаат дека нивните права ќе останат исти. Само 3,3% од граѓаните сметаат дека со воведувањето на можноста секој родовата определба да ја дефинира според личното чувство ќе ги унапреди правата на биолошките жени.

Над три четвртини од граѓаните или точно 75,7% се против можноста трансродвите биолошки мажи кои се идентификуваат како жени да учествуваат во женски спортски натпревари додека 7,3% се за.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
