Детектор анкета: Секој четврти граѓанин се лечи на приватно
Во услови на силно незадоволство од квалитетот кој го нуди јавното здравство речи си една четвртина од граѓаните се лечат првенствено во приватните здравствени установи, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 22,7% од граѓаните велат дека на лекар почесто одат во приватни здравствени установи. Над две третини од граѓаните или 69,8% се лечат исклучиво во јавното здравство.
Близу две третини од анкетираните или 62,3% велат дека со лековите немаат проблем односно дека аптеките се добро снабдени во текот на целиот месец и дека не е проблем да се набават лекови на рецепт. Во спротивното се уверени 30,5% од граѓаните.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “