-->
-->
Детали за убиството: Познат идентитетот на загинатиот и ранетите од Тетово
-->

На 02.09.2016 околу 23:30 часот во Тетово на ул.„188“ се случила расправија помеѓу лицата А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна, и од друга страна Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово.
Во еден момент Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К.
Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. се здобиле со прострелни рани во пределот на нозете, по што истите се пренесени во Клинички центар-Скопје за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Тетово.
По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. СВР-Тетово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
