Детали за пожарот во КПД „Шутка“ - Тројца се затвореници, а едниот е службено лице
Четирите лица од КПД „Шутка“, кои по пожарот во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија, се во добра здравствена состојба и вон животна опасност, изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Нико Беќаровски.
– Сите четворица се во Одделот за интензивна нега, добри се, свесни се. Тројца се затвореници, а едниот е службено лице кое помагало во гаснење на пожарот. Стабилни и се вон животна опасност. Клинички се работи за лесни случаи, меѓутоа токсиколошките анализи ќе бидат утре во 13 часот од судска медицина ги очекуваме, рече Беќаровски.
Посочи дека четирите лица на Клиниката биле донесени во свесна состојба, а едното од нив било малку поспано.
Во врска со тоа кога ќе бидат пуштени на домашно лекување, тој рече дека тоа многу зависи од утрешниот наод што ќе го добијат од судска медицина, но следните 24 часа сигурно ќе бидат задржани на Клиниката.
Ново на Сител
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај
-
Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
-
Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид