-->
-->
Десковска: Одговорноста за бегството на Спасов да се бара кај судовите
-->

Одговорноста за тоа каде е Игор Спасов треба да ја бараме кај оние кои се предмет на денешната прес-конференција, тоа се судовите, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска.
Таа на прес-конференцијата која беше посветена на денешиот протест на судската администрација во сите судови низ државата, рече дека гласноста во рамки на судството треба да ја слушнеме за ваквите случаи кои ги поткопуваат темелите на судството и на целокупниот правен систем.
-Не може да слушаме гласност за тоа како тие ќе си ги делат парите внатре, туку самите треба да бидат свесни за сопствената одговорност. Дали станува збор за судија, кој го пуштил, не го пуштила Управата или кој било од Министерството надвор, го пушта судија во судска постапка, рече таа.
Нагласи гласност треба да се покаже кога станува збор за застарување на случаи, поради тоа што не се закажуваат доволно или не се закажуваат често, што навистина фрустрира во она што значи работење на судството.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори.
Казната затвор ја издржуваше од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.
Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Спасов од почетокот на месецот се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него МВР распиша меѓународна потерница по него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
