-->
-->
Десет повредени во пожарот во хотелот „Буши“ однесени во ГОБ „8 Септември“ и на Токсикологија
-->
Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.
Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.
Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.
Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.
Тие потврдија дека пожарот е локализиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија
-
Прилеп дел од Европското првенство во воздухопловно моделарство
-
Руската армија го грантираше Харков, тврдат украинските власти
-
Битиќи: Време е балансерот во јавната администрација да се замени со мерит-систем
-
Родот на овошките преполовен, пазарот смален, а откупот отежнат
-
Тема на денот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
-
30 години македонска aрмија
-
И Владата и општина Охрид ќе го спасуваат Охридскиот маратон