Десет музички документарци на петтиот „Скопје синема сити“

Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс вечер ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката. Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на ’Ролинг стоунси’“.
По проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Во пресрет на фестивалот, организаторот вчера во Музејот на Град Скопје отвори и изложба „Патешествие“ со постери, плакати и промотивни материјали од концерти и албуми на нашиот најпознат гитарист.
Во петте фестивалски денови на годинашниот „Скопје синема сити“ ќе бидат прикажани десет филма со теми поврзани со гитарата и за автори кои го посветиле животот на овој инструмент. Вечерите на фестивалот се поделени на жанрови. Блуз вечерта ќе биде посветена на Роберт Џонсон и Ерик Клептон, а меѓу двата филма настап ќе има блуз дуото „In the Mood”.
Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк.
Вечерта на фолк музиката е посветена на фадото од Португалија со „Мадредеуш“ и Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на рок-бендовите У2 и албумот „Joshua Tree” и „Квин“ со „Боемска рапсодија“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
