Десет милиони денари субвенции за чистење оџаци
Оџачарството е исплатлив бизнис, им порача градоначаникот на Скопје Петре Шилегов на 15-те кандидати за оџачари ко следат обука во ГУЦ „Здравко Цветковски“.
Тој нагласи дека по 15 септември, кога ќе им заврши обуката и ќе добијат сертификат за оџачари, ќе објави субвенционирање на чистење оџаци. За таа намена, како што кажа, Градот ќе одвои 10 милиони денари.
- Чистењето на оџаците за 30 до 40 отсто го намалува загадувањето и значително ја намалува потрошувачката на огревко дрво и пелети, рече Шилегов.
Тој најави дека од Владата ќе побара да донесе законски измени со кои чистењето оџаци ќе биде задолжително или оваа надлежност да се префрли на локалната самоуправа, а секоја општина сама да одлучува за себе.
Во Скопје, рече, има околу 140.000 оџаци и само 20-на оџачари.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите