Десет милиони Австралијанци останаа без телефонски и интернет врски
Десет милиони Австралијци денеска останаа без мобилни и интернет услуги, откако целосно беше парализиран системот во вториот најголем провајдер во земјата – „Оптус“ (Optus), јави ДПА.
Од раните утрински часови, корисниците на „Оптус“ ширум земјата не можат да се јавуваат или да сурфаат, јавија австралиските медиуми.
Според извештајот на радиодифузерот „9Њуз“, (9News) ова е најголем прекин на телекомуникациите во историјата на земјата, додаде ДПА.
Компанијата преку соопштение мнаведува дека веројатно ќе бидат потребни часови за да се врати мрежата.
-Па, добрата вест е дека имаме начин да ја обновиме целата мрежа, и затоа, ние навремено ќе информираме за напредокот, изјави генералниот директор на „Oптус“, Кели Баер Росмарин за радио станицата 2GB во Сиднеј.
„Ова е многу невообичаена појава и штом ќе разбереме што точно се случило, ќе излеземе со детали“, кажа таа.
Не е јасно што го предизвикало прекинот, но властите ја отфрлија можноста за кибер напад.
Интернетот, мобилните услуги и врските со некои владини оддели се во прекин, вклучувајќи ги и телефонските врски со болниците и службите за итни случаи.
Прекинот предизвика доцнење во сообраќајот, а оневозможен е и платежниот систем, јави Би-Би-Си.
Министерката за комуникации Мишел Роланд кажа дека ова е вознемирувачко утро за многу Австралијци и ја повика компанијата да биде транспарентна и „навремена“ во информирање на клиентите.
Oптус минатата година претрпе хакерски напад што доведе до кражба на лични податоци од околу 10 милиони сметки, што е најголемиот ваков инцидент во Австралија.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
