Дератизација против глодари во Куманово во наредните три дена

Во наредните три дена на подрачјето на Куманово ќе се изврши дератизација против глодари.
Од Одделението за односи со јавност во општината информираат дека третманот ќе го извршат стручни екипи од фирмата „Плант Медика“ кои ќе постават мамци во отворите на шахтите на канализационата мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Во случај дератизацијата да не се изврши поради неповолни временски услови, ќе биде пролонгирана за наредниот ден.
Препаратот што ќе се користи припаѓа во групата на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Надлежните ги предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на отровот на отворено, да не го допираат.
За дезинсекција, дератизација и ларвицидна дезинскеција, која традиционално се спроведува во два наврати, одвоени се 600 илјади денари.
Годинава, предвидено е да се извршат и три третмани со ларвицидна дезинсекција на површини како што бари, мочуришта, застоена вода во селата во кумановско, Речица, Клечовце и други.
Ново на Сител
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
