Денови на Канада, Анета Антова-Пешева нов почесен конзул во земјава

Канада е пријател и партнер на Северна Македонија. Нашите земји ги поврзува дијаспората, преку политичката соработка, бизнис-врските и културната поврзаност, изјави амбасадорката на Канада Кати Ксаба, на одбележувањето на Националниот ден на Канада што вечерва се одржа во Скопје.
Во рамки на свеченоста во Филхармонија беше претставен и новиот почесен конзул на Канада во нашата земја – Анета Антова-Пешева.
![]()
Среќни сме, рече амбасадорката Ксаба, што преку посветеноста и напорната работа на новиот почесен конзул Анета Пешева, Канада и Северна Македонија уште повеќе ќе ги зајакнуваат меѓусебните врски.
– Наскоро, заедно ќе бидеме членки на НАТО. Тоа е исклучителен успех благодарение на вашата напорна работа. Иако Канада не е земја членка на Европската Унија, ние ја гледаме вашата иднина во ЕУ. Знаеме дека ќе бидете таму. Нема да стигнете брзо, ниту лесно, туку со истата напорна работа што го овозможи досегашниот напредок на земјата, порача Ксаба.
– Имаме многу блиски и фамилијарни врски со Канада. Канада е многу голема држава и ако бидеме вистински партнер со неа навистина ќе има големи придобивки, изјави Пешева.
На настанот присуствуваа повеќе гости од домашната и меѓународната дипломатска, политичка, културна и бизнис-заедница.
Во рамки на одбележувањето на Канадските денови во нашата земја вечерва во Камерната сала на Филхармонија концерт гудачкиот квартет „Молинари“ од Монтреал, во кој членуваат виолинистите Олга Ранзенхофен и Антоние Бареил, виолистот Фредерик Ламберт и виолончелистот Пјер-Алан Буврет.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
