Денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На одделни места особено во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степен, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерна облачност, како и со умерен, а повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и топло.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
