Денеска се празнува Света Петка - Еве што не треба да прават жените

Според календарот на Македонската православна црква денеска е Преподобна Параскева - Петковден 27/14.Х.
Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка...
Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.
Народните верувања велат дека на денешен ден не смее да се перат алишта, да се шие, да се работи тешка работа, поготво тоа не треба да го прават жените.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
