Денеска е Св. великомаченица Недела, била мачена на најсуров начин, Христос секогаш ѝ ги исцелувал раните

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јули.
Денеска е Св. великомаченица Недела.
Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се роди во Мала Азија и живееше за време на царувањето на Диоклецијан. Се роди како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немаа деца. Кога порасна се разви во убава девојка, а телесната убавина ја дополни со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекуваше многу просители, но таа одбиваше да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбуди злите мисли, ги поткажа пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите беа изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случи во 289 година во Никомидија.ѓ
Света маченица Недела (Кириакија)
Светата маченица Недела е родена во Мала Азија, во местото Никодимија, престолнината на римскиот император Диоклецијан, големиот прогонувач на христијаните. Родена е во недела, поради што добила и такво име (на грчки недела се вика кириакија). Ќерка е на Доротеј и Евсевија кои долго немале деца и Недела ја добиле по долги и искрени молитви. Била воспитувана во христијански дух, поради што уште од детството била посветена на Бога. Подоцна пораснала во убава девојка што ја сакале многу момчиња. Но таа сите ги одбивала, изјавувајќи дека е решена да остане девица и да се посвети на својот Бог, Исус Христос. Кога одбила и едно богато момче, тоа навредено ја наклеветило кај царот Диоклецијан за исповедање на христијанството. Според едно предание таа ја одбила понудата и на царскиот син изјавувајќи: „Јас се свршив за Синот на царот на царевите“. Притоа за истата дејност било наклеветено и целото нејзино семејство.
Најпрвин настрадале нејзините родители, а потоа Недела била мачена на најсуров начин, била влечена, тепана со воловски жили, сечена по телото, ја фрлале на клада, ѝ пуштале диви ѕверови итн. Но сето тоа било залудно зашто Исус Христос секогаш после мачењето ѝ ги исцелувал раните. А кога изјавила „За мене живот е да умрам за Христа“, била осудена да биде исечена со меч. Пред да биде погубена ѝ дозволиле да се помоли на Господа, а кога тоа го направила ја предала душата пред мечот да падне врз нејзиниот врат. Тоа се случило во родниот град Никодимија на 7 јули 289 година, кога имала само 22 години.
Празникот на светата маченица Недела се паѓа во летниот период, во време на жетвата и другите полски работи. Во некои краишта, како на пр. во Дебарца, Охридско) празникот се вика Стара Недела, се смета за мајка на неделите и поради тоа за најтежок празник, се верува дека Божјата казна ќе го стигне секој што ќе работи на овој ден како што се пее и во песната забележана во овој крај:
Кочо на чардак седеше,
Цигаре тутун пиеше,
И на сестра му велеше:
‒ Елено, сестро, Елено,
оди речи е Невене,
утре е празник големо,
голема Стара Недела,
Кочо ќе одит на дрва,
Невена да ојт на трески!
Кочо отиде на дрва,
Невена отиде на трески,
Кочо си нога пресече,
Невена змија изеде.
Кочо го клале пред црква,
Невена ја клале зад црква.
Кочо изникна трендафил,
Невена изникна лозница.
Вишиле што ми вишиле,
црквата е надвишиле,
и двата се прегрнале.
Очигледно е дека неделата како ден во седмицата, но и светата маченица Недела оставиле трага во животот на нашиот народ. Поголем број цркви во Македонија се посветени на светата маченица Недела, но и многу извори со лековити води, исто така се поврзани со името на оваа светица (Неделечка вода).
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
