-->
-->
Денеска е Св. маченик Лукијан
-->
Лукијан беше скоро целиот свој живот идолски жрец. Поверува во Христа дури во својата старост, случка што ја зачуди цела тогашна Никомидија. Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј. Сите тие пострадаа заедно во Византион. Свети Лукијан беше распнат на крст, а момчињата обезглавени.
Некоја девојка Павла ги зеде јавно телата на мачениците и чесно ги погреба, поради што и таа беше погубена. Мачеништвото на светите Лукијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла се случи меѓу 270 и 275 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
-

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара
-

Неготинка пријавила физички напад од поранешниот сопруг
-

Уапсен кавадарчанец, возел со 2,18 промили алкохол во крвта
-

Најмногу дожд во Гевгелија, од утре стабилизација на времето
-

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути
-

Песков: Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ за САД е позитивен чекор
-

Свечена академија по повод празникот „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката
