Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј
Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј. Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во испо¬ведањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог. Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.
Ново на Сител
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска