Македонија
19. јуни 2025 - 13:46

33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот

Денеска (19.06.2025) во 01.40 часот во СВР Скопје, С.Р.(33) од Скопје пријавил дека на 18.06.2025 околу 22.30 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од А.Ш.(30) и А.Ш.(30), двајцата од Скопје, кои работеле како обезбедување во казиното.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.