Денеска е Св. маченик Андреј Стратилат

Свети Андреј се роди во Сирија, а тука и му служеше на римскиот цар како офицер. Подоцна беше унапреден во војвода, кога Персијанците го нападнаа Рим. Против нив беше испратен истиов Андреј, таен христијанин, кој претходно ги научи своите војници во битката да се надеваат и да му се молат на Христа. Од битката војводата Андреј се врати победоносно во Антиохија. Тука, пак, некој завидливец го поткажа дека е христијанин, па беше затворен. Управникот на градот се најде во недоумица што да прави со него и побара совет од царот Максимијан. Царот го знаеше угледот на војводата, па го посоветува управникот да го пушти светиот, а да бара друга прилика да го убие. Андреј излезе од затворот и кога дозна за ова ги собра своите 2.500 војници, замина во Тарс во Киликија и тука сите се крстија. Наскоро беа принудени да го напуштат Тарс и, бегајќи од римската потера, се настанија на ерменската планина Таврос. А оваа планина ја прими нив¬ната крв. Имено, римската потера ги најде и сите ги погуби, иако овие не дадоа никаков отпор.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
