Денеска е Св. маченица Јулијана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 декември.
Денеска е Св. маченица Јулијана.
Света Јулијана живеела и пострадала за Христа во градот Витинија, Мала Азија, во третиот век. Потекнувала од богата и угледна фамилија. Уште додека била малечка, била ветена за жена на некојси Елевсиј, кој исто така потекнувал од висок род. Додека растела, Јулијана се запознала со Христовото учење и поверувала во единствениот Бог. Кога и дошло време за мажење, таа не сакала да влезе во брак со Елевсиј, зашто овој бил незнабожец. Родителите не успеале да ја разубедат и најпосле ја предале како христијанка на Елевсиј, кој во тоа време бил управник. Елевсиј ја измачувал два дена, а потоа ја погубил. Оваа блажена девојка пострада во 290 година
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
