-->
-->
Денеска е Св. апостол Филип
-->

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Денеска е Св. апостол Филип.
Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип.
А, кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни.
Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
