Денеска е Преподобни Симеон и Јован

Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот. Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот соподвижник Јован, кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека. Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година.
Ново на Сител
-

ССМ со првомајски протест
-

Работничките права се уште комплетно не се почитуваат, особено кај трудниците и тоа работниците да ги имаат договорите за работа
-

Преглед на вестите од светот
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
