Денеска е овој голем празник - Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Јерусалим

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај.
Денеска е Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Јерусалим
Во времето на царот Констанс, синот на свети Константин, кога беше патријарх Кирил Јерусалимски, во девет часот наутро, над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито. Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици-аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието. За овој знак, патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година. И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според сетилниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена низ чуда и знаци многубројни.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
