Денеска е најдобриот вторник во целата година, народни верувања и обичаи

Светол или Велигденски вторник е втор ден по Велигден кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник - Велигден, како во црквите така и во домовите на православните верници.
Богослужбите се исти како и претходните два дена.
Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои села, се одржуваат и свадби, зошто се смета дека овој ден има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.
Според преданието, во недела рано пред зори Марија Магдалена, Марија Јаковлеа, Саломија и некои други жени отишле со подготвено миро до гробот на Христа.
Големиот камен со кој бил затворен Христовиот гроб бил тргнат, а гробот празен. На каменот седел ангел Божји, со лице како молња и одежда бела како снег.
Стражарите - војници биле вкочанети од страв, а тогаш им се обратил ангелот: „Не се плашете, зошто знам дека го барате распнатиот Исус. Не е тука зошто стана. Одете брзо и кажете им на неговите ученици дека Воскресна.
Жените и збунетите војници веднаш се стрчале во градот за да ги известат еврејските поглавари за тоа што виделе, а народот многу се израдувал.
Поради тоа единствена работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските.
Народното верување вели дека оние кои не го почитуваат ова едноставно “правило“ му пркосат на Бога и Христа и нема да им оди во животот „како што треба“.
Ново на Сител
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
-

Поскапе храната во светот, објави ФАО
-

Три нови услуги за високо образование воведени на порталот Е-услуги
-

Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
-

СДСМ бара Уставен да ги укине измените на Законот за внатрешни, ВМРО-ДПМНЕ: СДС не треба да зборува за безбедноста
