Денес ќе бидат отворени Олимписките игри во Токио
На „Националниот стадион“ во Токио, денес со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020.
Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е и присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации.
Од репрезентациите Грција ќе влезе прва во арената, а Јапонија последна.
Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:
Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.
На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024