Ден на жалост во Крагуевац, пронајдени уште три жртви од експлозијата

Српските власти соопштија дека ги пронашле телата на трите лица кои се сметаа за исчезнати при експлозиите во фабриката за оружје во Крагуевац.
Министерството за одбрана соопшти дека вкупно четири лица загинаa во двете експлозии, што се случи во вторникот во магацин за муниција. Во инцидентот 25 лица се повредени.
Се уште се испитуваат причините за експлозијата во фабриката каде и се складираат мини и друго оружје, а и се уништува оружје.
Во Крагуевац денеска е Ден на жалост, а градоначалникот Радомир Николиќ, во име на граѓаните, изрази благодарност до припадниците на Војската на Србија, Министерството за внатрешни работи и вработените во Клиничкиот центар, истакнувајќи дека направиле се за да спречат трагедија од поголеми размери, евакуирајќи ги работниците и згрижувајќи ги повредените.
Ново на Сител
-

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
-

ЕК: Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран
-

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп
-

Премиерот Мицкоски во Штип, АКТИВА ги проширува капацитетите
-

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство
-

Претежно облачно со слаб локален дожд
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
