„Ден без автомобили“ во Неготино
Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во Република Македонија и ЕУ Инфоцентарот во Скопје денеска во Неготино се спроведе активноста „Ден без автомобили“.
Настанот се одржа од 11 до 14 часот, а активностите се одвиваа на улицата „Партизанска“. Просторот пред единаесеткатницата до крстосницата со улицата „Цандо Кожинков“ беше затворена за сообраќај и резервиран за пешаци, велосипедисти и друг алтернативен транспорт.
Активностите почнаа со разгледување на поставената ликовна изложба на тема „Избери, промени, комбинирај“, а половина час подоцна свој придонес во заштитата на животната средина и користењето на алтернативните превозни средства дадоа и најмладите сограѓани во Неготино - дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“.
Од 12 до 14 часот, според програмата, ученици од основните и од средното училиште од градот, претставници на здруженија на граѓани, од Советот на млади и други заинтересирани возеа велосипед.
- Секој од нас, со својот избор на транспорт и со мала промена на секојдневните навики може да придонесе за поквалитетна животна средина, подобро здравје и поквалитетен живот, информира Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи