Демостат: Подеднаков број граѓани на Србија се „за“ и „против“ влез на земјата во ЕУ
Доколку денеска се одржи референдум за влез на Србија во Европската Унија, „за“ би гласале 33 отсто од граѓаните, а исто толку би гласале „против“, покажува последното истражување на јавното мислење спроведено од Демостат, пренесе Бета.
На референдумот не би излегле 17 отсто од граѓаните, додека исто толку од испитаниците не знаат или немаат одговор на прашањето како да се изјаснат за влез на земјата во ЕУ.
„Сега, судејќи според теренското истражување на Демостат на репрезентативен примерок од дури 1.600 граѓани на територијата на цела Србија, кое беше спроведено на крајот на април и почетокот на мај, изедначен е бројот на оние кои се „за“ и оние што се „против“ (евроинтеграциите), наведуваат од Демостатус.
Претходното теренско истражување на јавното мислење, спроведено од Демостат во декември минатата година во Белград, покажа дека 30 отсто од граѓаните се за влез на Србија во ЕУ, додека нешто поголем број граѓани, 31 отсто, биле против. Речиси 40 отсто од граѓаните тогаш најавија апстиненција или не одговориле на прашањето.
Ново на Сител
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
