-->
-->
Демонстрантите порачаа: „Ние сме Македонци, нашата држава е Република Македонија“
-->

Пред Собранието на Македонија вечерва се одржа мирен протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ организиран од Млади на Македонија.
Свое обраќање имаше и Клементина Маркоска – осумнаесетгодишна девојка од Тетово. Таа го цитираше Уставот и порача дека Македонија е суверена држава и ниту еден човек во Македонија не смее да помисли да го менува името.
„Ние како граѓани на Македонија не треба да дозволиме да се случи тоа. Нашите загарантирани права ќе ги оствариме онака како што ни доликува. Нашата најголема цел е да го задржиме нашиот идентитет и идентитетот на нашата држава“.
- Ние не сакаме да живееме во Северна Македонија! Ние сме Македонци, а името на нашата држава е Република Македонија, порача таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
