Демонстрантите од Собранието се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓани незадоволни од Договорот за името со Грција, попладнево повторно се собраа на протест пред Собранието.
Истовремено во Собранието почна седницата на која се расправа за ратификација на Договорот со Грција.
Сообраќајот на улицата пред Собранието е блокиран, а околу собраниската зграда има засилено полициско присуство.
Граѓаните, од Собранието се упатија кон Штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде, како што рекоа, ќе бараат средба со лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Тие претходно, додека беа пред Парламентот, побараа оставка од Владата и во знак на револт запалија копија од договорот со Грција, пеејќи ја истовремено македонската химна и песната „Едно име имаме“.
- Нема да дозволиме да помине овој договор, извикуваа незадоволните граѓани. Тие воедно ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да излезе од Собранието и да не го поддржи Преспанскиот документ.
Според граѓаните кои протестираат пред Собранието, референдум воопшто не треба да има.
Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
