Демократскиот сојуз: Загрозена правната сигурност
Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните.
Демократскиот сојуз предлага, Јавниот обвинител во соработка со МВР и другите институции, доследно да ги применува законските овластувања:
• Прво, разговорите да ги користи за проверување на изнесените работи преку собирање на информации, факти и докази, како и за покренување на соодветни постапки;
• Второ, да поведува постапка за неовластено снимање на разговори; и
• Трето, да поведува постапка за тие што неовластено објавуваат тајно и нелегално снимени разговори.
Демократскиот сојуз е за заштита на јавниот интерес и поддржува објавување на разговори со кои се разоткриваат криминални активности, но мора да постои и одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена