-->
-->
Демократски сојуз: Бојкотот на изборите антидржавен чин
-->

Во пресрет на претседателските избори и најавата за определување на датум за започнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија, се наметнуваат неколку приоритети за кои е неопходен политички консензус:
1.Создавање на услови за одржување фер, демократски и чисти претседателски услови, како гаранција за успешност на изборите.
Во оваа насока мора партиите и коалициите кои стојат зад претседателските кандидати да преземат одговорност дека ќе опстојат во изборниот процес, во спротивно, треба да понесат политичка и друг вид на одговорност. Бојкот на изборите во вториот изборен круг ќе значи антидржавен чин со катастрофални последици за иднината на државата.
2.Работата на Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи со целосен капацитет, а прислушуваните разговори и натаму треба да бидат доказ во постапките, во спротивно, Врховниот суд, со право ќе ги изземе од доказите и во предметите во кои досега се користени.
3.Концептот за реформи во тајните служби треба да се заокружи со коренити организациски и кадровски промени во разузнавачките и контраразузнавачките служби.
4.Мора да се изгради систем за целосна департизација на државните институции, почнувајќи од приемот на работа во администрацијата.
Партизацијата разорно делува врз ефикасноста на државните институции и владеењето на правото.
Само со цврсти и јасни критериуми за прием на работа, најкреативните кадри ќе останат да работат во Македонија.
Партиските и другите влијанија мора да се санкционираат.
Инаку, треба да престанат партиските договарања преку селективна правда, амнестии и други лукративни цели, а наводно во интерес на повисоки цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
