Демократски сојуз бара итна седница на Собранието за студентите
Демократскиот сојуз бара Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за студентскиот стандард и другите проблеми со кои се соочуваат студентите и да се донесат конкретни решенија преку интегрално прифаќање на нивните барања.
Субвенционирање на студентскиот оброк, замрзнување на цените во студентските ресторани и домовите за сместување, исклучување на студентските домови и факултетите од мерките за штедење енергија, зголемување на студентските кредити и стипендии, се минимум услови кои државата треба да ги обезбеди за сите студенти без исклучок.
Демократскиот сојуз укажува дека не може да се предлагаат законски решенија и да се носат одлуки без да се консултираат студентите и универзитетите, како што беше предложен законот за субвенционирање на студентскиот оброк или најавата за измени на Законот за високо образование.
Демократскиот сојуз ја реафирмира и идејата на секој студент што ќе заврши високо образование да му се овозможи да работи една година во јавниот или во приватниот сектор со плата од буџетот на државата, како основа голем дел од студентите да останат да работат во Македонија. Оваа мерка се спроведува во Канада при што искуствата се исклучително позитивни.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци