Демант од МЗШВ на изјавата на дополнителниот заменик министер Николовски
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во денешното соопштение ја демантира изјавата на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски дека „сите сточари до еден мора да бидат обештетени“.
- Заради објективност МЗШВ ја информира јавноста дека од добиточната болест јазлеста кожа угинати се околу 3.500 говеда или 1,6 отсто од вкупниот број на говеда во Република Македонија, се наведува во соопштението.
Проценетата вредност за обештетување на сточарите, како што посочуваат од Министерството, е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот на годината сточарите ќе бидат обештетени.
ОД МЗШВ потсетуваат дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската конференција за болеста јазлеста кожа во Република Бугарија, на која биле донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста.
- Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест, посочуваат од МЗШВ и ја информираат македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување