Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион со цел зголемување на соработката денеска се одржа во Кичево, во организација на регионалните комори при Стопанската комора на Македонија.
На средбата присуствуваа компании од бизнис-секторот од двата региона, како и претставници од општините Велес и Кичево. Целта според организаторите беше да се разгледаат можностите за интензивирање на соработката на регионалните комори и општините, како и можностите за поддршка на бизнис-секторот и инфраструктурно поврзување.
- Со денешната средба ќе ја интензивираме меѓусебната соработка на двете регионални комори, при што претставниците од двете комори ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат и да разменат искуство, рече претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески.
Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев рече дека деловната соработка ќе придонесе за развојот на двата региони.
Во име на општина Кичево зборуваше претставникот Рамиз Реџепи, кој истакна дека општината била и ќе остане мост за поврзување на стопанските комори за што подобра соработка меѓу нив.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
