-->
-->
Делови од Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани утре без струја
-->

Од 8:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Иван Аговски“ бр.1 во општина Карпош, а од 8:30 до 15:30 часот корисниците од улиците „Дренак“, „Невена Ѓоргиева - Дуња“ и „Балзакова“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 9 до 15 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од викенд населбата Морани во општина Студеничани и од улицата „Партение Зографски“ бр.20, 22, 24, 26, 28, 30 и дел од улицата „Востаничка“ бр.1 во општина Центар.
Дел од корисниците од село Љубин, општина Сарај ќе бидат без струја од 9:30 до 15 часот.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
