Делови од Аеродром, Гази Баба и Бутел утре без струја

Од 8:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Тодор Чангов“ – краци 22 и 24, а од 8:30 до 14:00 часот корисниците од истата улица, од краците 34, 38 и 46. Од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „23 Октомври“, објектот на маркет „Кипер“, како и останатите објекти лоцирани до овој маркет.
Во периодот од 8:20 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Јани Лукровски“ бр.9, „Клетвеник“ бр.1, „Лазар Поп Трајков“ бр.36, како и дел од корисниците од улиците „Вамбел“ и „Лазар Поп Трајков“ на потегот од кривината кон булевар „Киро Глигоров“ во општина Гази Баба.
Корисниците од улица „56“ во село Радишани, општина Бутел утре од 8.30 до 12.30 часот ќе бидат без струја.
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
