Делегацијата од Националната гарда на Вермонт посети дел од единиците на АРМ

Високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, во рамки на неколкудневната официјална посета на Република Македонија оствари обиколки и посети на дел од единиците на Армијата на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, делегацијата претводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал мајор Стивен Креј, придружувана од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денеска ја посети командата на обука и доктрини во Велес.
- Притоа делегацијата се запозна со мисијата и задачите на оваа првопотчинета единица на АРМ, со акцент на улогата и можностите на центарот за индивидуална обука и центарот за симулации во функција на изведување на обуката на припадниците на АРМ согласно стандардите на НАТО, информира Министерството за одбрана.
Членови на делегацијата одговорни за менаџирање на кризи и катастрофи на чело со директорот на Дирекцијата за воена поддршка претходно ја посетија четата за АБХО, додека главниот подофицер на НГ на Вермонт ги посети инженерискиот баталјон и третиот механизиран пешадиски баталјон кои се во составот на првата механизирана пешадиска бригада.
- За време на обиколките уште еднаш беше истакната улогата на меѓусебните посети во надградување и интензивирање на соработката со НГ на Вермонт и Армијата на САД, со што се придонесува во имплементирање на достигнатите НАТО-стандарди во обуката, преку рамноправното учество на припадниците на АРМ со припадниците на армиите на НАТО на голем број меѓународни вежби и во мировните мисии, наведува Министерството за одбрана.
Посетите на воени бази, школски центри и различни форми на борбена обука се дел од активностите кои се остваруваат преку воената контакт програма на соработка на АРМ со НГ на Вермонт и Армијата на САД.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
