Делегација од Нинберг ќе го засади дрвото „гинко“ што ќе го замени Ќосето
Градските власти го купиле дрвото гинко кое треба да се засади на местото од каде што беше отстранет споменикот на Андон Јанев-Ќосето, објави „Независен“. Дрвото ќе биде засадено на 5 мај кога се очекува Град Скопје да го посети делегација од збратимениот Нирнберг.
Купени се три дрва, а 50 се во процедура за набавка.
– „Сѐ е подготвено, само се чека делегацијата од Нирнберг која ќе ја донесе плочката, која всушност ќе биде нивна донација и ќе стои на дрвото“, велат од Град Скопје, пренесе Независен.
За потсетување, на плочката ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации кој гласи: „Секој има целосно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024